После 7 години “соработка” за Ивана можам да кажам дека веќе ми е личен физио. Клиент сум и уште пред да го создаде Кинестетик, а после толку години имам само пофални зборови за нејината експертиза и професионалност.
Работам физички активна работа со многу часови “на нога” па често имам проблеми со грбот и нозете. Одам на масажа некогаш повеќе, некогаш помалку редовно, ама секогаш има олеснувачки ефект. Покрај тоа имам и discus hernia и третманите во Кинестетик ми беа од најголема помош во периодот на рехабилитација.
Не сакам да го испуштам делот што за време на пандемијата најстрого се почитуваа сите заштитни мерки, а хигиената и пред и за време на и после пандемијата секогаш им е на највисоко ниво.
На скала од 1 до 10 мојата препорака дефинитивно за 11. Само напред девојки!