skip to Main Content

Кинестетик е центар за масажа и кинезитерапија кој ви го подобрува квалитетот на животот.

Тука ќе најдете корисни совети за како да се справите со болката, како да ја подобрите мобилноста и да го зајакнете телото.

ЗА НАС

Центарот функционира успешно од април 2018 година и бројот на задоволни и редовни клиенти само ни зборува за нашата посветеност кон работата.

Покрај завршување на формално образование на Медицинскиот факултет при универзитетот св. Кирил и Методиј во Скопје, имаме и бројни доедукации тука и во странство. Како едни од најважните се курсот за ПНФ кој што наоѓа примена во неврологијата како и кај спортските повреди, Малиган мобилизација на зглобови за намалување или исчезнување на болката која потекнува од зглобовите, Невродинамика која се бави со моблизација на нервиот систем и може да се примени кај акутни и хорнични повреди како и кај невролошки пациенти и последно но не помалку важно Кинезиотејпингот кој што наоѓа голема примена кај акутните и спортските повреди.

ВИЗИЈА И МИСИЈА

Споделуваме најнови релевантни студии и истражувања на медицина базирана на докази за механизмите на болката и како може да се справите со неа. Рушиме застарени уверувања кои што се поврзани со хроничната болка, како и како да ги решите тие проблеми.

Наша визија и мисија се да ги воведеме новите стандарди во физиотерапијата, да им помогнеме на клиентите да се справат сами со своите состојби, да си го подобрат квалитетот на животот и да направиме место каде што би се чувствувале релаксирано и смирено. Нашиот пристап на работа е клиентот да има активно учество во решавање на проблемот, со користење на пасивни модалитети за обезболување.

ТИМ

Нашиот тим

Ивана Давидовска Игњатова

ко-сопственик на Кинестетик, дипломиран физиотерапевт, сертифициран Малиган терапевт, уредник и автор на kinestheticphysio.com.mk.

Маја Павловска

ко-сопственик на Кинестетик, дипломиран физиотерапевт, специјалист по кинезитерапија, сертифициран Малиган терапевт, автор на kinestheticphysio.com.mk

УСЛУГИ

Манулена терапија (Малиган, медицинска и спортска масажа)

Мануелната терапија е третман кој што се користи за третирање на мускулоскелетна болка. Во мануелна терапија спаѓаат медицинската и спортската масажа, како и мобилизација на зглобовите.

Кај нас во центарот ја работиме медицинската и спортската масажа, како и мобилизацијата на зглобови по метод на Малиган.

Мануелната терапија кога се користи за треман на болка секогаш е најдобро да се комбинира со кинезитерапија (терапевтски вежби) за да се постигне максимален ефект од третманите. Масажата се користи за опуштање на мускулатурата, подобрување на циркулацијата како и стимулирање на релаксација.

Доколку станува збор за акутна повреда, тогаш мануелната терапија се започнува по 7-14 дена од појавување на симптомите, додека доколку станува збор за хорнична болка тогаш може да се започне веднаш.

Мобилизација по метода на Малиган претставува аплицирање на мобилизација со активно движење од пациентот. Малиган е безболен третман за справување со болка во која што вие сте директно вклучени при изведување на техниката. Самата мобилизација не е пасивна што има голема предност бидеќи ни едно движење изведено од терапевтот не е ненадејно и не може да се направи оштетување на меките ткива при третманот.

Мобилизација на зглобовите служи за намалување на болката, мускулните згрчувања, намалување на тензијата и подобрување на обемот на движење на еден зглоб.

Кинезитерапија 

Кинезитерапија претставува терапија со примена на терапевтски вежби соодветни за проблемот. Со кинезитерапија може да се корегираат и превенираат лошото држење и телесните деформитети на децата и младината. Исто така може да се

примени и во рехабилитација при повреди на локомоторниот апарат, по хируршки интервенции постоперативно,кај невролошки пациенти, системски заболувања како што се ревматските заболувања, кај дегенеративните промени како што се дискусхернијата и спондилозата.

Кинезитерапијата наоѓа широка примена од самото раѓање па се до длабоката старост. Затоа вежбите се еден многу важен сегмент при справување со било која состојба. Тие може да бидат пасивни, активно потпомогнати и активни.

Секој третман со кинезитерапија вклучува вежби за истегнување, мобилност и јакнење на мускулоскелетниот систем. По потребата од самата состојба фокусот и дозирањето на вежбите се различни и секогаш се работат по индивидуалната потреба на самиот клиент.

Дополнително во нашиот центар правиме и терапија со вежби по ПНФ (Проприоцептивна Невромускулна Фасцилитација) или поттикнување, зајакнување и подобрување на одредени движења во телото по разни повреди и невролошки состојби.

ПНФ користи повеќе техники, но најпозната во светот на физиотерапијата е онаа каде што ногата/раката се носи до крајниот обем на движење и од тука се изведува истегнување со контракција на мускулатурата против отпор на терапевтот и потоа нејзино опуштање. По неколку повторувања добиваме нов обем на движење во зглобот.

ПНФ се разликува од останатите терапевтски вежби со тоа што ги користи сите рамнини на движење на телото. На пример, немаме само кревање на раката над глава, туку со ПНФ имаме нејзино одалечување од главата и внатрешна или надворешна ротација на рамото. Со овој стимул на мускулоскелетниот и нервниот систем самата рехабилитација може да се забрза и да се постигнат многу резултати.

ПНФ  може да се комбинира и со невродинамика по индикација од самата состојба.

ПНФ  може да се користи кај:

  • Болка (од врат, лумбална кичма, постоперативно)
  • Намалена сила на мускулите
  • Намалена издржливост на мускулите
  • Намален обем на зглобовите
  • Нарушен баланс и стабилност
  • Нарушена координација, на пример кај Паркинсон
  • Нарушена моторна конторла, на пример кај невролошки пациенти по мозочен удар, Мултиплекс склероза

Невродинамика

Невродинамика представува комуникација помеѓу различни делови од нервниот систем и комуникација на нервниот систем со различни делови од мускулоскелетниот систем. Докажано е дека самите нерви се движат независно од околните ткива, но кога некогаш постои проблем може да се појават проблеми како отрпнатост, слабост и мускулна слабост.
Самата техника е активна и базирана на движење. Со нејзе се цели да се обнови хомеостазата во и околу нервниот систем. Невродинамиката поттикнува движење помеѓу нервните структури и ткивата кои ги опкружуваат, преку користење на мануелни техники и вежби.

Невродинамиката може да се користи кај:

  • Дисторзија на скочен зглоб (шинување на склочниот зглоб)
  • Карпал тунел
  • Болка во вратната и лумбалната кичма
  • Плантарен фасцитис
  • Повреди на хамстринзите (задната ложа)
  • Ишијас

Кинезитејпинг

Апликација на кинезитраки е широко распространета техника, особено позната меѓу спортистите. Лентите може да се во различни бои и шари, но тоа е само визуелна разлика, сите траки се исти, според апликацијата зависи нивното дејство.

Кинезитејпингот нема несакани дејства, целосно е безболен, со лесни тестирања се определува начинот на негова апликација и дава веднаш резултати.

Се употребува како мускулна апликација која преку правење на набори влијае врз мускулната фасција- обвивка која се наоѓа под кожата. Оваа техника најчесто ја применуваме во акутна фаза за намалување на болка. На пример акутна болка во врат, грб, долен дел од грб, рамо и било која друга мускулна болка.

Апликација за оток и хематом (модрица) е техника при која се прави мрежа која го опфаќа сегментот кој е зафатен. Отокот може да биде компликација во рехабилитација и да го отежне процесот, па затоа оваа апликација може да се примени веднаш по настанување на повреда за превенција на настанување на оток и хематом, или пак доколку е веќе настанат за негова побрза апсорпција. Лимфните садови се наоѓаат површно под кожата, па со апликација на кинезитејпинг можеме директно да влијаеме за побрза апсорпција на отокот исто преку правење на набори на самата трака при секое движење.

При хематом има испукани крвни капилари површно под кожата и на исти принцип помага кинезитраката. Оваа апликација често се користи при спортски повреди, како свиткан скочен зглоб, повреди на колено, шака, лакт, рамо, мускулни удари и сл.

Друга апликација на траките е стабилизација на зглобови. Често се користи во фазата на враќање во спортски активности, но и кај болка при движење. Често се користи за стабилизација на скочен зглоб, колено и рамо.

Постои и корективна апликација која се применува при отежнато движење на пример при невролошки повреди кога е оштетен периферниот нерв и траката го потпомага движењето, или пак за корекција на правецот на движење на самата чашка на коленото кога постои мускулен дисбаланс.

ПРЕПОРАКИ

Back To Top