ДВИЖЕЊЕ БЕЗ СТРАВ. ЖИВОТ БЕЗ ОГРАНИЧУВАЊА.
Вашето тело знае да се движи. Ние му помагаме повторно да се сети.
Современ и индивидуален пристап кон болка, мобилност и рехабилитација – со терапија, движење и знаење базирано на докази.
Rebuild Postpartum
Програма направена за мајки кои сакаат да станат посилна верзија од себе. Со прогресивно оптоварување, водена од дипломиран физиотерапевт.
- Мануелна терапија
- Кинезитерапија
- Невродинамика
- Кинезиотејпинг

ЗА КИНЕСТЕТИК
Стручност што ја смирува болката. Пристап што гради доверба.
Центарот функционира успешно од април 2018 година. Нашата работа се темели на формално медицинско образование, континуирани доедукации и индивидуален пристап кон секој клиент.
Наша мисија е да ги воведеме современите стандарди во физиотерапијата и да ви помогнеме активно да учествувате во сопственото закрепнување.
- Терапија базирана на докази
- Индивидуален пристап
- Поддршка за долгорочни резултати
НАШИ УСЛУГИ
Секој третман започнува со разбирање на вашиот проблем.
Комбинираме пасивни техники за обезболување со активно движење за подобри и долготрајни резултати.

01
Мануелна терапија
Медицинска и спортска масажа, како и мобилизација на зглобови по методата Малиган.
Манулена терапија (Малиган, медицинска и спортска масажа)
Мануелната терапија е третман кој што се користи за третирање на мускулоскелетна болка. Во мануелна терапија спаѓаат медицинската и спортската масажа, како и мобилизација на зглобовите.
Кај нас во центарот ја работиме медицинската и спортската масажа, како и мобилизацијата на зглобови по метод на Малиган.
Мануелната терапија кога се користи за треман на болка секогаш е најдобро да се комбинира со кинезитерапија (терапевтски вежби) за да се постигне максимален ефект од третманите. Масажата се користи за опуштање на мускулатурата, подобрување на циркулацијата како и стимулирање на релаксација.
Доколку станува збор за акутна повреда, тогаш мануелната терапија се започнува по 7-14 дена од појавување на симптомите, додека доколку станува збор за хорнична болка тогаш може да се започне веднаш.
Мобилизација по метода на Малиган претставува аплицирање на мобилизација со активно движење од пациентот. Малиган е безболен третман за справување со болка во која што вие сте директно вклучени при изведување на техниката. Самата мобилизација не е пасивна што има голема предност бидеќи ни едно движење изведено од терапевтот не е ненадејно и не може да се направи оштетување на меките ткива при третманот.
Мобилизација на зглобовите служи за намалување на болката, мускулните згрчувања, намалување на тензијата и подобрување на обемот на движење на еден зглоб.

02
Кинезитерапија
Терапевтски вежби за подобрување на мобилност, сила, баланс и функционалност.
Кинезитерапија
Кинезитерапија претставува терапија со примена на терапевтски вежби соодветни за проблемот. Со кинезитерапија може да се корегираат и превенираат лошото држење и телесните деформитети на децата и младината. Исто така може да се
примени и во рехабилитација при повреди на локомоторниот апарат, по хируршки интервенции постоперативно,кај невролошки пациенти, системски заболувања како што се ревматските заболувања, кај дегенеративните промени како што се дискусхернијата и спондилозата.
Кинезитерапијата наоѓа широка примена од самото раѓање па се до длабоката старост. Затоа вежбите се еден многу важен сегмент при справување со било која состојба. Тие може да бидат пасивни, активно потпомогнати и активни.
Секој третман со кинезитерапија вклучува вежби за истегнување, мобилност и јакнење на мускулоскелетниот систем. По потребата од самата состојба фокусот и дозирањето на вежбите се различни и секогаш се работат по индивидуалната потреба на самиот клиент.
Дополнително во нашиот центар правиме и терапија со вежби по ПНФ (Проприоцептивна Невромускулна Фасцилитација) или поттикнување, зајакнување и подобрување на одредени движења во телото по разни повреди и невролошки состојби.
ПНФ користи повеќе техники, но најпозната во светот на физиотерапијата е онаа каде што ногата/раката се носи до крајниот обем на движење и од тука се изведува истегнување со контракција на мускулатурата против отпор на терапевтот и потоа нејзино опуштање. По неколку повторувања добиваме нов обем на движење во зглобот.
ПНФ се разликува од останатите терапевтски вежби со тоа што ги користи сите рамнини на движење на телото. На пример, немаме само кревање на раката над глава, туку со ПНФ имаме нејзино одалечување од главата и внатрешна или надворешна ротација на рамото. Со овој стимул на мускулоскелетниот и нервниот систем самата рехабилитација може да се забрза и да се постигнат многу резултати.
ПНФ може да се комбинира и со невродинамика по индикација од самата состојба.
ПНФ може да се користи кај:
- Болка (од врат, лумбална кичма, постоперативно)
- Намалена сила на мускулите
- Намалена издржливост на мускулите
- Намален обем на зглобовите
- Нарушен баланс и стабилност
- Нарушена координација, на пример кај Паркинсон
- Нарушена моторна конторла, на пример кај невролошки пациенти по мозочен удар, Мултиплекс склероза

03
Невродинамика
Активни техники со движење за подобра комуникација на нервниот и мускулоскелетниот систем.
Невродинамика
Невродинамика представува комуникација помеѓу различни делови од нервниот систем и комуникација на нервниот систем со различни делови од мускулоскелетниот систем. Докажано е дека самите нерви се движат независно од околните ткива, но кога некогаш постои проблем може да се појават проблеми како отрпнатост, слабост и мускулна слабост.
Самата техника е активна и базирана на движење. Со нејзе се цели да се обнови хомеостазата во и околу нервниот систем. Невродинамиката поттикнува движење помеѓу нервните структури и ткивата кои ги опкружуваат, преку користење на мануелни техники и вежби.
Невродинамиката може да се користи кај:
- Дисторзија на скочен зглоб (шинување на склочниот зглоб)
- Карпал тунел
- Болка во вратната и лумбалната кичма
- Плантарен фасцитис
- Повреди на хамстринзите (задната ложа)
- Ишијас

04
Кинезитејпинг
Безболна апликација на кинезитраки за намалување болка, оток и подобра стабилизација.
Кинезитејпинг
Апликација на кинезитраки е широко распространета техника, особено позната меѓу спортистите. Лентите може да се во различни бои и шари, но тоа е само визуелна разлика, сите траки се исти, според апликацијата зависи нивното дејство.
Кинезитејпингот нема несакани дејства, целосно е безболен, со лесни тестирања се определува начинот на негова апликација и дава веднаш резултати.
Се употребува како мускулна апликација која преку правење на набори влијае врз мускулната фасција- обвивка која се наоѓа под кожата. Оваа техника најчесто ја применуваме во акутна фаза за намалување на болка. На пример акутна болка во врат, грб, долен дел од грб, рамо и било која друга мускулна болка.
Апликација за оток и хематом (модрица) е техника при која се прави мрежа која го опфаќа сегментот кој е зафатен. Отокот може да биде компликација во рехабилитација и да го отежне процесот, па затоа оваа апликација може да се примени веднаш по настанување на повреда за превенција на настанување на оток и хематом, или пак доколку е веќе настанат за негова побрза апсорпција. Лимфните садови се наоѓаат површно под кожата, па со апликација на кинезитејпинг можеме директно да влијаеме за побрза апсорпција на отокот исто преку правење на набори на самата трака при секое движење.
При хематом има испукани крвни капилари површно под кожата и на исти принцип помага кинезитраката. Оваа апликација често се користи при спортски повреди, како свиткан скочен зглоб, повреди на колено, шака, лакт, рамо, мускулни удари и сл.
Друга апликација на траките е стабилизација на зглобови. Често се користи во фазата на враќање во спортски активности, но и кај болка при движење. Често се користи за стабилизација на скочен зглоб, колено и рамо.
Постои и корективна апликација која се применува при отежнато движење на пример при невролошки повреди кога е оштетен периферниот нерв и траката го потпомага движењето, или пак за корекција на правецот на движење на самата чашка на коленото кога постои мускулен дисбаланс.
НАШИОТ ТИМ
Луѓе што ве слушаат, разбираат и водат.

Ивана Давидовска Игњатова
Ко-сопственик, дипломиран физиотерапевт и сертифициран Малиган и Шрот терапевт.

Маја Павловска
Ко-сопственик, дипломиран физиотерапевт, специјалист по кинезитерапија и сертифициран Малиган и Шрот терапевт.
“
Не ја третираме само болката. Ве учиме како повторно да му верувате на сопственото тело.
Пристапот на Кинестетик
КОРИСНИ СОДРЖИНИ
Знаење што ви помага подобро да го разберете телото.
Општо
Schroth метода за работа на деформитети на ‘рбетот
Од неодамна станавме сертифицирани Шрот терапевти. Од сега во нашиот центар може да се третираат сколиози и кифози, кај деца, адолесценти и возрасни. Шрот…
Прочитај ја објавата ↗
Хронична болка
Мисловен процес и болка
Веќе е добро познатo за поврзаноста на мисловниот процес и исходот од третманот на оние кои што патат од болка. Било таа е акутна…
Прочитај ја објавата ↗
Општо
Вежби за карлично дно во бременост и постпартум
Се повеќе се зборува за важноста од физичка активност во текот на бременоста. Дури и тоа да е само пешачење, бенефитите за мајката и…
Прочитај ја објавата ↗ИСКУСТВА
Што велат нашите клиенти.
Иван ЃеоргиевТерапијата што ми ја пружи Кинестетик навистина ми помага да се чувствувам подобро и да постигнувам подобри резултати во спортот. Топло ги препорачувам за сите кои бараат најдобри резултати од физикална терапија!
Радмила Живановиќ, клиентМора да признаам дека препораките што ги добив за Маја и Ивана навистина се обвистинија. Имено, кога имав проблем со скинат мускул и ми страдаше цело тело, делумно од несразмерен напор на телото делумно од страв, им се обратив за да ми помогнат со движењето и старите болки кои се активираа ради повредата. Топло ме пречека Маја и ми ги разнебити сите стереотипи за држењето и движењето на болката. Целосно ми ја мистифицира болката и ми покажа како јас да се грижам за неа без страв. Ти благодарам Маја за топлината, водството и љубовта со која се посветуваш на секој клиент без голема помпезност со многу разбирање на границите и можностите на скршеното тело и уште понесигурниот дух.
Нена СекулоскаКинестетик студиото го посетувам уште од самиот почеток. Во текот на користењето на услугите овозможуваат пријатна атмосфера и професионална и квалитетно извршена услуга.
Имам дискухернија и работа со долги саати поминати на столче, но и се уште сум спортски активна. Кинестетик се секогаш тука да ми помогнат во менаџирање на дисхернијата или спортските повреди.
Ќе продолжам да ги користам навните услуги и во иднина, супер се.
Андријана Павловска ТемелковскаБлагодарение на девојките од Кинестетик, научив дека наместо да се застрашувам со дијагнози, можам да земам активно учество во здравјето на моето тело преку вежби, масажи, свесност за постурата додека седам итн. Од трнење на вратот и раката и постојана болка во горниот дел од грбот, сега можам да кажам дека речиси живеам без болка. Веќе 3-та година се чувствувам подобро психо-физички и не би ги менувала за ништо.
Никос КалензисПосле 12 години борба со дискус хернија (Л5-С1) и секакви обиди да се продолжи со спортски активности и да се регулира болката, случајно наидов на Кинестетик, каде се појавив кривејќи на десната нога. После само неколку сесии можев повторно нормално да функционирам и да патувам околу 30 часа. После два месеци терапија, веќе комотно се вратив на вежбање и не сум погледнал назад година и пол.
Најтопло препорачувам на сите со слични проблеми, а веќе и неколку среќници поучени од мојата мака најдоа решение во Кинестетик.
Ира БабиќЗапочнав да одам кај Ивана пред 5 години, поради болки и проблем со дискус хернија. Болката исчезна набрзо, но јас продолжив редовно со терапија и масажи. Во сите овие години болката не ми е вратена, и верувам дека за тоа најмногу се заслужни Ивана и Маја, кои со нивната професионалност, експертиза и грижливост прават се’ за да не се повтори. Дополнително, нивната енергија и атмосфера во студиото, ги прави незаменливи.
Солза ЈовановскаКомплетна услуга, од преглед, собирање податоци, до соодветно решение специфично за твојот проблем. Хигиена и услови одлични. Пријатна атмосфера и љубезни вработени.
Ана БлажеваКинестетик е местото каде конечно мојата хронична болка беше адекватно признаена, препознаена и третирана. Благодарна сум за професионалниот пристап, отвореноста, ентузијазмот и многу споделени знаења што ми помогнаа да ја разберам хроничната болка и како да ја спречувам. Темелниот и внимателен индивидуален пристап ми влева целосна доверба во третманот. Особено ми се допаѓа динамичниот пристап фокусиран на движење и активност наместо пасивност при болка.
Иван ЈовановиќОдлично искуство! Ивана е пример за професионалец и за многу кратко време успеа да го најде и реши мојот проблем.
Ангела ЗдравковскаИвана е еден од подобрите кинезитерапевти кои сум ги имала. Ретко кој ја владее pnf техниката кај нас. Многу познавање и трпеливост кога станува збор за невролошки случаеви.
Стаменка ТрповскаАко имате некој проблем на телото или сте имате или ќе имате операција, најбитно од се после операцијата ви е добра кинези терапија и професионални вежби кои ќе го доведат вашето тело до совршрност и резултатите ќе бидат одлични. Обратете им се на Кинестетик, они го имаат лекот за вашите повреди.
Александра СтојановскаКако професионална спортистка која секогаш има потреба од физиотерапевтски услуги, топло ви ги препорачувам Кинестетик, бидејќи не само што ми помогнале во процес на рехабилитација по било која повреда, туку и континуирано успешно ми помагаат во одржување на мојата топ форма. Искусни, полни со знаење, секогаш професионални и најважно од се, секогаш достапни за да ви помогнат во секојдневниот живот и да ве ослободат од болка.
Маја ТрпчановскаВо Кинестетик сум од отварањето на ординацијата и можам да кажам дека кога и да ми затреба нивната помош, секогаш моите очекувања се исполнети. Високо образовани и искусни физиотерапевтки кои со сигурност би ги препорачала на сите Вас кои ви е потребна ваква помош.
Сара А.Атмосферата која ја нуди Кинестетик е смирувачка, професионална и пријателска. Тие те сослушуваат, што е толку важно. Те учат како да си помогнете сами на себе. Маја е неверојатно пристапна, таа секогаш помага да се чувствувам попозитивно и поопуштено после сеансите. Професионална, која секогаш се труди да го објасни проблемот, што прави и зошто тоа ќе ми помогне. Менаџирањето со луѓе и разбирање на реалноста на
Ана ВељанКако особа која долго време пати од сколиоза и кифоза, болката и вкочанетоста во грбот ми се проблем против кој морам активно да се борам. Покрај физичката активност, животот во голем дел ми го олеснуваат редовните физиотерапевстки масажи во Кинестетик, веќе 5 години во континуитет. Високата професионалност е постојан стандард при секоја моја посета, а знаењето и вештината на физиотерапевтките се врвни. Во овој контекст морам да ја споменам и високата хигиена во Кинестетик, која и тоа како е важна за центар за услуги од овој вид. Најтопло ги препорачувам!
Арманд ВељанПосле 7 години “соработка” за Ивана можам да кажам дека веќе ми е личен физио. Клиент сум и уште пред да го создаде Кинестетик, а после толку години имам само пофални зборови за нејината експертиза и професионалност.
Работам физички активна работа со многу часови “на нога” па често имам проблеми со грбот и нозете. Одам на масажа некогаш повеќе, некогаш помалку редовно, ама секогаш има олеснувачки ефект. Покрај тоа имам и discus hernia и третманите во Кинестетик ми беа од најголема помош во периодот на рехабилитација.
Не сакам да го испуштам делот што за време на пандемијата најстрого се почитуваа сите заштитни мерки, а хигиената и пред и за време на и после пандемијата секогаш им е на највисоко ниво.
На скала од 1 до 10 мојата препорака дефинитивно за 11. Само напред девојки!
Бисера СпасовБидејќи секој е своја приказна, она што најмногу ми се допаѓа во Кинестетик и дека се анализира детално состојбата на пациентот и на база на тоа се работи индивидуално креирана програма сочинета од потребните третмани. Нивниот тим е составен од вистински професионалци, вљубеници во професијата, што лично мене ми влева огромна сигурност и доверба да им се обратам секој пат кога имам потреба за тоа.
Никола ЃорѓиевКинестетик го посетувам долго време и секогаш добивам одлична услуга, без забелешки. Просторот е чист и пријатен, а хигиената е секогаш на високо ниво. Вработените се супер професионални, културни и респонсивни. Голема препорака за сите заинтересирани.
Стефан ДракуловскиГолеми професионалци, љубезни и многу посветени на работата. Го препорачувам на сите центарот Кинестетик.
Јован Јовановски“Масажите се магични” остана да ѕвони во мене кога ми кажа Ивана, после првиот третман. А магија нема, туку стручност.
Имав проблем после Ковид и лежење на инфективна, големи болки кои ме будеа од сон. Направија план за неколку масажи проследени со кратки вежби кои променија се. Викаат лекот е пет пари кога го знаеш… И така е, со една премногу проста вежба се вратив во живот. Вежба која што го третираше токму мојот проблем. И да, можеби ако гуглаш ќе ја најдеш вежбата, но како ќе ја најдеш причината на проблемот?
Многу лесно, ќе закажеш кај Кинестетик и ќе ти стигне порака да те потсети за следниот термин. А штом ќе завршиш следи благце!
Ариан ШумковскиПроблемот со болки во грбот го имам долго време, особено во периоди на недоволна физичка активност. Препораката да ги посетам кинестетик беше полн погодок. Професионалноста ја добив при првиот контакт. Дијагностицирањето е методично, со анкетирање и преглед за да се лоцира проблемот и да му се пристапи правилно. Никогаш не недостасуваа објаснувања. Стручноста на тимот е видлив, јазикот на кој се комуницира разбирлив и објаснувањето како би одел третманот.Таму за прв пат го чув терминот обезболување, а после неколку терапии на масажи и вежби болката се намали значително.
Она што најмногу ми се допадна е дека вежбите кои ги работевме беа подготвени за конкретниот проблем. Листата на вежби ги добиваб и во инбокс како потсетник за работа сам.
Трпение, оптимизам и идејата дека луѓето имаат голем потенцијал да се самолекуваат е пристапот на Кинестетик. Драго ми е што ги знам и со задоволство ги препорачувам секогаш.
Сања АдамоскаКако професионален спортист, негата и грижата за сопственото тело ми е на прво место. Рака под рака со спортот, за жал, следат и повредите. Во период од 2 години пројдов 2 операции на предниот вкрстен лигамент на двете колена, што беше моја несреќа. За моја среќа, имав можност да работам со тимот на Кинестетик кои се беспрекорни професионалци и извонредни работници кои ми ја вратија желбата и мотивацијата за повторно чекорење на теренот кое што и ден денес успешно го спроведувам.
За тоа што уште можам да го правам она што највеќе го сакам вечно ќе им бидам благодарна, посебно на Маја мојот личен физио
Заради тоа на сите спортисти, спортски работници, како и сите други кои сакаат соодветно некој да се грижи за нивното тело, топло го препорачувам тимот на Кинестетик. 🙂
