Проблемот со болки во грбот го имам долго време, особено во периоди на недоволна физичка активност. Препораката да ги посетам кинестетик беше полн погодок. Професионалноста ја добив при првиот контакт. Дијагностицирањето е методично, со анкетирање и преглед за да се лоцира проблемот и да му се пристапи правилно. Никогаш не недостасуваа објаснувања. Стручноста на тимот е видлив, јазикот на кој се комуницира разбирлив и објаснувањето како би одел третманот.Таму за прв пат го чув терминот обезболување, а после неколку терапии на масажи и вежби болката се намали значително.
Она што најмногу ми се допадна е дека вежбите кои ги работевме беа подготвени за конкретниот проблем. Листата на вежби ги добиваб и во инбокс како потсетник за работа сам.
Трпение, оптимизам и идејата дека луѓето имаат голем потенцијал да се самолекуваат е пристапот на Кинестетик. Драго ми е што ги знам и со задоволство ги препорачувам секогаш.