Како професионален спортист, негата и грижата за сопственото тело ми е на прво место. Рака под рака со спортот, за жал, следат и повредите. Во период од 2 години пројдов 2 операции на предниот вкрстен лигамент на двете колена, што беше моја несреќа. За моја среќа, имав можност да работам со тимот на Кинестетик кои се беспрекорни професионалци и извонредни работници кои ми ја вратија желбата и мотивацијата за повторно чекорење на теренот кое што и ден денес успешно го спроведувам.
За тоа што уште можам да го правам она што највеќе го сакам вечно ќе им бидам благодарна, посебно на Маја мојот личен физио
Заради тоа на сите спортисти, спортски работници, како и сите други кои сакаат соодветно некој да се грижи за нивното тело, топло го препорачувам тимот на Кинестетик. :)