Политика за поврат на средства
Последно ажурирање: 12.10.2026
1. Општи одредби
Оваа политика ги уредува условите и постапката за поврат на средства за производи и услуги купени преку веб-страницата на Кинестетик ДОО Скопје.
Политиката се применува во согласност со важечките прописи за заштита на потрошувачите во Република Северна Македонија.
Купувачите на физичките производи производи можат да побараат поврат/рефундација на средства доколку:
Се работи за неисправен производ а продавачот применува нечесни трговски практики.
Физичкиот производ може да се врати а средствата да му бидат рефундирани доколку истиот не е употребуван и е со сочуван изглед и функција во оргинално пакување.
Купувачите /корисниците на дигиталните производи можат да побараат поврат/рефундација на средства доколку:
– купениот дигирален производ не одговара на презентацијата на нарачаниот производ
– пристапот до дигиталниот производ не е одобрен/доставен во рок од 48часа а за околностите на доцнењето не е известен купувачот.
– купувачот/корисникот треба да ја докаже неисправноста на дигиталниот производ
– доколку купувачот се откаже од нарачката без оглед на тоа дали дигиталниот производ е неисправен, поврат на средствата за истиот може да бара во рок од 24 часа. Поврат на средствата во целост ќе се изврши доколку купувачот не започнал со користење на дигиталниот производ, а доколку започнал со користењето на дигиталниот производ, повратот на средствата ќе биде сразмерен на користењето на истиот.
2. Физички производи
Барањата за враќање на физички производи се разгледуваат согласно применливите законски права и услови.
Кога е применливо, купувачот ќе добие инструкции за враќање на производот, вклучувајќи ја адресата и постапката за испорака.
Трошоците за испорака се на трошок на купувачот.
Оваа политика не ги ограничува задолжителните законски права на купувачот во случај на неисправен, оштетен или погрешно испорачан производ.
3. Дигитални производи и услуги
За дигитални програми, едукативни материјали и онлајн услуги, правото на поврат се утврдува според видот на производот или услугата и применливите законски одредби.
Кога законот дозволува исклучок од правото на повлекување за дигитална содржина, тој ќе се применува само доколку се исполнети потребните законски услови, вклучувајќи ги соодветната претходна согласност и потврда од купувачот кога се задолжителни.
4. Поднесување барање за поврат
Купувачот може да поднесе барање за поврат на средства во рок од 15 дена од купување на дигиталниот или физичкиот производ производ преку е-пошта на kinesthetic.physio@gmail.com, со наведување на:
- Име и презиме;
- Број на нарачка или друг податок за идентификација на купувањето;
- Производот или услугата за кои се бара поврат;
- Причината за барањето на повратот
По приемот на барањето, купувачот ќе добие известување за понатамошната постапка.
5. Начин и рок на поврат
Кога барањето за поврат е одобрено, Кинестетик ДОО на барањето за поврат на средствата ќе одговори во рок од 15-30 дена, и повратот ќе се изврши исклучиво на трансакциска сметка на купувачот наведена во барањето за поврат.
Купувачот ќе биде известен за обработката на повратот.
6. Контакт
За прашања и барања поврзани со поврат на средства:
Е-пошта: kinesthetic.physio@gmail.com
Назив на фирмата: Кинестетик ДОО Скопје
Адреса:Митрополит Теодосиј Гологанов 116-12

