Мора да признаам дека препораките што ги добив за Маја и Ивана навистина се обвистинија. Имено, кога имав проблем со скинат мускул и ми страдаше цело тело, делумно од несразмерен напор на телото делумно од страв, им се обратив за да ми помогнат со движењето и старите болки кои се активираа ради повредата. Топло ме пречека Маја и ми ги разнебити сите стереотипи за држењето и движењето на болката. Целосно ми ја мистифицира болката и ми покажа како јас да се грижам за неа без страв. Ти благодарам Маја за топлината, водството и љубовта со која се посветуваш на секој клиент без голема помпезност со многу разбирање на границите и можностите на скршеното тело и уште понесигурниот дух.