Од неодамна станавме сертифицирани Шрот терапевти. Од сега во нашиот центар може да се третираат…
Справување со акутни повреди (R.I.C.E)
Најчесто оваа метода се користи кај спортски повреди, односно повреди кои што ги зафаќаат екстремитетите. Најмногу наоѓа примена при повреда на склочниот зглоб, колената, колкот, дланките и лактите. Како најчеста повреда на склочниот зглоб е дисторизијата, народно кажано шинување. Колената може да настрадаат при некое нагло движење или директен удар. Што и да е причината, како прва помош и прв третман се прави RICE.
Акронимот RICE значи:
- R-rest. Одмарање и заштита на повредата. При повреда треба да се сопре или направи пауза од активноста која што предизвикува болка.
- I-ice. Нанесување на лед, или пак ладна облога со што се намалува болката, се спречува настанување на хематом(модринка), намалување на отокот и подобрување на циркулацијата. Ледот може да стои од 10 до 20 минути, и процедурата да се повтори до три пати во денот. Ледот не смее да се нанесува дирекно на кожата, секогаш се става крпа или кеса пред да се нанесе ледот.
- C-compression. Компресија на повредата со еластичен или пак обичен завој. Служи за спречување на настанување на голем оток. Самото обвиткување не треба да биде престегнато на начин што би ја сопирала циркулацијата, би предизвикало трнење, ладење на местото како и отрпнување на местото на повредата. Доколку имате потреба да го носите завојот подолго од 48/72 часа тогаш треба да се консултирате со доктор бидејќи може да станува збор за некоја посериозна повреда.
- E-elevate. Подигнување на екстремитетот над нивото на срцето секогаш кога се нанесува лед и се одмара. Со ова се спречува настанување на оток, или може да се спречи настанување на голем оток.
Доколку болката е неиздржлива секогаш може да се земе некој нестероиден антиинфламаторен лек како ибобруфенот.
Кога болката и отокот ќе се намалат, тогаш може да се започне со лесно истегнување, раздвижување и вежби за јакнење. Понатаму постепено може да се зголемуваат интензитетот и времетраењето на активностите.