skip to Main Content

Хронична болка и нејзината поврзаност со оштетување на ткивата

Сеуште постои верување дека болката која што ја чувствуваме три месеци по повредата е тесно поврзана со нивото на оштетување на ткивата. Но постојат нови истражувања кои што го тврдат спротивното.

Примарно болката е тука да те заштити, те алармира кога си во опасност, некогаш и пред да се случи повреда. Те тера да се движиш различно, размислуваш различно и да се однесуваш различно, што допринесува во процесот на заздравување. Болката се појавува кога телото испраќа болни сигнали до мозокот известувајќи го дека има некоја закана.

Интересно е што некои луѓе иако имаат некакви повреди на зглобовите, мускулите, нервите, дисковите, мозокот не го перцепира тоа како болен сигнал, бидејќи не чувствува дека е под некаква опасност. Додека кај други и кога не постои некаква повреда на ткивата телото може да испраќа сигнали за опасност и да се појавува болка.

Болката од исчашувања, постурална болка и болката од ‘рбетот се секојдневни болки што лесно може да бидат поврзани со промени во ткивата. Мозокот заклучува дека постои некаква опасност и со тоа се вклучуваат механизми за лечење. 

Одлична работа е што мозокот и нервниот систем имаат меморија за болката, со што може да ве спречи во правење на некоја грешка два пати. Но исто така оваа меморија може да не биде во ваша корист кога се справувате со хронична болка. Запамтениот пат на болката, односно меморијата на истата може да биде проблемот во одржување на хроничната болка.

Кога болката станува хронична, тешко е да се види како има добра улога во справување со повредите. Но кога болката е хронична тоа значи дека мозокот некако заклучил, најчесто потсвесно, дека вие сте под закана и под опасност. Трикот во решавање на хроничната болка е наоѓање зошто мозокот дошол до ваков заклучок.

Болката се потпира на контекст.

Еден пример за ова е доколку не сте во добар однос со шефот на работа, тогаш голема е веројатноста интензитетот на болката да се зголемува кога тој е во ваша близина. Или доколку имате некоја акна и некој важен состанок на работа или состанок со симпатија тогаш таа акна ќе ја доживувате како нешто многу големо и болно.

Друг пример е доколку ученик се исече со лист хартија на прстот може да не ја доживее толку страшно, како доколку се исече виолинист на кој што многу му е потребна раката за да може да свири.

Интензитетот на болка која што може да ја чувствува некој зависи од тоа кој е околу нас, во која средина се наоѓаме и како моментално се чувствуваме. Исто така како ја доживуваме болката зависи од полот, расата, околината и емоциите.

Како може да си помогнете доколку се справувате со хронична болка?

  1. Најпрво најдете здравствен работник кој што го разбира модерниот концепт на болката. 
  2. Сами едуцирајте се со книги и истражувања кои се механизмите на болката. Препорака за книга која што ја даваме на наши клиенти е Explain pain од Lorimer Mosley и David Butler.
  3. Вашата болка не може да ви наштети. Кога ќе ја знаете оваа информација ќе имате поинаква перцепција за тоа кога ќе се појави болката. (Ова важи за оние со хронична болка. Секако доколку е некоја акутна повреда треба да се исклучи некое посериозно оштетување на ткивата.)
  4. Темпирано и постепено изложување на движење. Тоа значи доколку сте имале некоја повреда на мускулоскелетниот систем и сакате да се вратите на вежбање да го правите тоа полека и постепено. Со тоа го адаптирате нервниот систем на оптоварување полека за да не се активираат алармите и да предизвикате болка.
  5. Да дојдете во контакт со виртуелното тело. Тоа значи да правите движења различни од вообичаените движења или околина, или може да гледате или да не гледате кон деловите кои што се движат.
Back To Top