Од неодамна станавме сертифицирани Шрот терапевти. Од сега во нашиот центар може да се третираат…
Разлика помеѓу хронична и акутна болка
Болката може да биде акутна или пак хронична. Тие се разликуваат по времетраењето и механизмите, односно акутната болка се дефинира како болка која што трае од 3 до 6 месеци, додека пак хроничната е со времетраење поголемо од 6 месеци.
Акутната болка е дирекно поврзана со повреда на меките ткива и таа најчесто поминува сама. Се карактеризира со остра болка, доаѓа од еднаш и најчесто е предизвикана од некаква повреда. Самата болка е дирекно поврзана со оштетувања на меките ткива. Најчесто акутната болка исчезнува кога ќе се излечи самата повреда.
Кај хроничната болка се вклучени повеќе механизми во нејзиното одржување. Болката продолжува иако самите ткива се веќе излечени, сигналите за болка во нервниот систем се сеуште активни. Нејзиниот интензитет може да се менува, некогаш и да исчезне, но потоа повторно да се врати без никаква причина. Некои луѓе патат од хронична болка дури и кога немаат некоја предходна повреда. Хроничната болка делува и на психолошката состојба која што па допринесува исто така во одржувањето и траењето на хроничната болка. Луѓето кои што патат од хронична болка најчесто имаат проблеми со спиењето, анксиозност, депресија, намален апетит и намалена енергија. Најчест извор за хронична болка се болка со потекло од лумбалната и вратната кичма, главоболката, фибромијалгијата, ракот и артритичната болка.
Битно е да се класифицира која болка е акутна, а која хронична за да знаеме каков третман може да се направи. Најчесто кога станува збор за акутна болка која се случила пред два, три дена не може многу да се направи од поглед на масажи, мобилизација на зглобови или пак кинезитерапија. Во првите две недели од настанување на повредата се препорачува мирување пропратено со раздвижувања колку што дозволува состојбата, топло/ладни облоги, медикаметозна терапија за намалување на болката како и кинезитраки кои што се аплицираат мускулно за да се намали згрчувањето и болката на самата мускулатура.
По поминување на две недели, доколку сеуште се чувствува болка може да се започне иницијален третман во зависност од самата состојба на пациентот. Доколку може се започнува комбинација на активен и пасивен третман за да се забрза процесот на рехабилитација. Активен третман е кинезитерапијата, додека пасивен третман се масажите и мобилизацијата на зглобовите.
Со хроничната болка пристапот на работа е поразличен. Бидејќи за нејзино траење се вклучени повеќе механизми на организмот се прави детална анамнеза за да може да се утврди кои се причините за нејзино одржување. За траење на хорничната болка се вклучени фактори како што се начинот на живот, сонот, исхраната и психолошката состојба.
Кај хроничната болка може да започнеме со третман веднаш. Повторно се вметнува кинезитерапијата како најважен третман за справување со хорничната болка. Најчесто самата болка е со мускулно потекло од недоволно раздвижување и седентарен начин на живот. Па затоа се охрабруваат пациентите да се движат и да се активни во текот на денот колку што може повеќе.
Бидејќи кај хроничната болка се вклучени механизми на целиот нервен систем, најчесто пропратени со промени и во стуктурите на мозокот може да се вклучи и невродинамиката како третман за намалување на болката.
Доколку се има потреба третманот со физиотерапија се комбинира и со психотерпија, бидејќи за хроничната болка е потребен мултидисциплинарен пристап.