Од неодамна станавме сертифицирани Шрот терапевти. Од сега во нашиот центар може да се третираат…
Примена на топло-ладни процедури
Дали треба да се примени топла или ладна облога зависи од потребата и состојбата. Најчесто ладни облоги се нанесуваат на акутни повреди за да се намали болката, додека топлите облоги се користат во хроничната фаза, како начин за загревање на мускулите пред некоја активност или пак за опуштање на мускулатурата.
Некогаш овие процедури може да се комбинираат и во еден третман. И двете процедури предизвикуваат локално зголемување на циркулацијата, доколку се ненсуваат локално или пак генерално зголемување на протокот на крвта. Комбинација на топла и ладна процедура може да се примени и кај акутни повреди, бидејќи нанесување на топла облога субјективно делува подобро отколку нанесување само на ладна. Само нанесување на топла облога не е препорачливо бидејќи може да ја влоши самата состојба, иако во прв момент може да ви делува дека помага. Секогаш кога станува збор за акутна повреда да се заврши со ладна облога, за да се затворат порите и за да се стегнат крвните садови.
Под топли процедури се подразбираат држење на топли облоги, загреана вода во шише, топла бања, сауна, аплицирање на крема која го загрева местото или пак загреана сол обвиткана во крпа. Препорачливо е да се користат само топли облоги кај веќе хронични повреди на врат или пак лумбална кичма. Исто така топли процедури може да се користат и како начин за згревање пред некоја физичка активност во вид на крема.
Важно е да се напомене дека и топлите и ладните процедури не смеат да се аплицираат на отворена рана, и кога станува збор за лед или пак загреана сол не смее да биде аплицирано директно на кожа, туку треба да се има нешто помеѓу кожата и облогата за да се избегнат изгореници.