skip to Main Content

Мобилност наспроти истегнување

При секој кинезитерапевтски третман се вклучуваат вежби за мобилност и вежби за истегнување. Во зависност од тоа за што треба повеќе фокус кај одреден пациент тој тип на вежба ќе се употребува. 

Вежбите за мобилност се динамични вежби кои што имаат за цел да се подобри обемот на зглобовите активно. Кај некои вежби има елемент на јакнење на мускулатурата. Овој тип на вежби е препорачливо секогаш да се изведуваат пред започнување на тренингот, како вид на загревање. Особено е важно кога станува збор за експлозивни движења да се прават динамични загревања за да се раздвижат убаво мускулите. Динамично загреваање треба да практикуваат  спортисти кои се бават со трчање, планинарење, триатлон, кошарка, фудбал, пливање.

 Доколку на пример имате проблеми со колковите или пак рамениот зглоб фокусот на загревање ќе биде на тие зглобови. Кога се работат вежбите за мобилност се стимулираат рецепторите во зглобовите и мускулите, а со тоа при изведување понатаму на вежбите за јакнење на мускулатурата самиот обем на зглобови е поголем и активирањето на мускулатурата е правилно. Вежбите за мобилност се изведуваат и од различни позиции, доле на под, на столче, на пилатес топка, со ластици со отпор, се со цел повотрно да се даде различен стимул од различна позиција.

Додека вежбите за истегнување се пасивен тип на вежби, повторно за подобрување на обемот на зглобовите. Но најчесто зголемениот обем од истегнувањата е пократкорочен. Најчесто вежбите за истегнување треба да се прават на крај на тренингот, кога мускулите се убаво раздвижени.

Вежбите за истегнување не треба да се прават кога имаме згрчен мускул, бидејќи со тоа можеме само да си ја влошиме повеќе состојбата. Иако инстиктивно ни доаѓа да истегнеме нешто што е згрчено тоа е погрешно, бидејќи згречноста на мускулите не првичниот проблем. 

Најчесто болката која што ја чувствуваме на пример при долго седење повторно доаѓа од рецептори во мускулите кои се задолжени за притисокот и циркулацијата во мускулите. Па за да се намали таа згрченост и непријатност најчесто се препорачува благо раздвижување, не растегнување.

На мускулатурата која што е згрчена и треба контракција-релаксација, која што се случува со вежба каде што мускулот се скратува и издолжува или пак се изведува вежбата статично без движење против отпор каде што имаме само статична контракција на која што и следи релаксација без отпор.

Back To Top