skip to Main Content

Митови за хронична болка

Постојат многу митови поврзани со хроничната болка. Со напредок на технологијата и со многу истражувања повеќето верувања ки што важеле порано, денес веќе се сметаат за мит.

Како еден од најчестите митови кој што сеуште е доста присутен е митот дека хроничната болка е поврзана со дирекно оштетување на ткивата. Ова е далеку од вистина, бидејќи акутната болка е онаа која што е присутна кога имаме директно оштетување на ткивата. Хроничната болка е присутна и кога ткивата се излечени, бидејќи за нејзино одржување се вклучени повеќе механизми како што се нервниот систем, имуниот систем, психолошката состојба и околината.

Митот дека хроничната болка е последица на постурата(држењето) на телото исто така е побиен со бројни истражувања. Многу пати се слуша дека бидејќи некој седи искривено или пак има сколиоза/кифоза таа е причината за константна болка. Лоша постура е онаа постура која што се завзема долг временски период. 

Најчесто болки почнуваат да се појавуваат кога пробуваме да одржуваме “идеална” постура, па седиме со саати исправени, нешто што не е природно. Болката која што се појавува во мускулите при долго седење во одредена позиција најчесто е од намалена циркулација во мускулите, па тие стануваат крути и го сигнализираат нервниот систем дека треба да се завземе спротивна положба од предходната. Едно мало раздвижување може да направи чуда во справување со овој тип на болка.

Потоа митот дека причина за хроничната болка се структурните промени видени на ренген снимките. Но и тука по бројни истражувања на пациенти кои што немаат никакви симтоми, а имаат структурни промени на снимите го покренува прашањето дали структурните промени се причина за одржување на болката. Кај 87% од асимптоматските пациенти  е пронајдено присуство на дискус хернија, 56% имале артрозни промени, 78% истенчувања на рскавицата на зглобовите и 68% оштетување на рскавиците.

Кај промени на рбетниот столб како што се дискусхернија, намален простор помеѓу дискови и спондилозни промени, за болката најчесто се одговорни рецептори за притисок и топлина кои што ги опкружуваат овие структури и бидејќи нервниот систем е веќе надразнет многу често при било каква промена на температура или притисок реагира со болка.

Друг мит е дека хроничната болка е природен процес на стареењето. Баш напротив, од хронична болка страдаат повеќе луѓето од 40 до 59 години, додека од 60 до 80 пријавиле дека имаат многу помалку болка. Секако дека фокусот не може да се постави само на одредена возрасна група биејќи секогаш ќе постојат варијации, но верувањата дека само постарите генерации патат од хронична болка не се точни.

Многу луѓе прекинуваат со вежбање и ја намалуваат својата физичка активност само заради веувањето дека доколку вежбаат со болка можат да направат поголема штета од примарната. Но и ова не е точно бидејќи со лесни до средно тешки вежби може само да се подобри циркулацијата на крв и кислород до повредените ткива и да се намали стресот и депресијата, а со тоа и да се намали болката. Секако секогаш треба да се консултирате со физиотерапевт за кои вежби се безбедни и како може да се адаптираат ткивата за да се надминат сите потешкотии.

Лекот за хронична болка е медикаметозна терапија. Оној кој пати од хронична болка долг временси период веќе знае дека ова не е точно. Да, апчињата за болка се одлични за акутна болка и справување со хроничната од време на време, но доколку се користат подолг временски период телото создава толеранција. Па ако сте почнале со некој полесен аналгетик на крај ќе стигнете до сериозни лекови кои и во поголеми дози нема повеќе да дејствуваат. 

Затоа е препорачливо секогаш да се комбинира медикаметозна терапија со физиотерапија, и доколку е можно максимално да се избегнуваат лековите за болка за да не се создаде зависност од нив, а со тоа и толеранција на самиот лек.

Back To Top