Од неодамна станавме сертифицирани Шрот терапевти. Од сега во нашиот центар може да се третираат…
Мануелна терапија во акутна фаза
Под мануалена терапија спаѓаат масажите, мобилизација на зглобови и манипулација на зглобови(киропрактика). Сите типови на мануелна терапија се контраиндицирани да се работат во акутната фаза на повредата која што трае од 7 до 14 дена.
Болката е одговор на нервниот систем и таа примарно служи за да не заштити, со тоа што ќе ни ги огранични некои движења и ќе не натера да бидеме попасивни одреден период и да одмараме. Кога се случува повреда, тогаш имаме и локално воспаление кое со пасивни техники како што се мануелните ние може да направиме поголема штета од првичната. Друга причина е чекање на други симптоми или пак отсуство на симптоми. Најчесто првите два три дена од повредата некои симптоми кои што може да укажат на сериозна повреда се отсутни, па ние доколку превземеме нешто што е пасивно може само да ја влошиме првичната состојба.
Доколку ние на надразнет нервен систем му нанесеме механичка сила на болното место може само дополнително да ја влошиме моменталната состојба, бидејќи одговорт на таа дразба може да биде уште поголема вкочанетост и болка.
Затоа, во првите денови од повредата е препорачано мирување, нанесување на ладни облоги или пак комбинација на топло/ладни облоги за да се забрза процесот на закрепнување и да се обезболи самото место. Под ладни облоги се мисли на масажа со мраз, држење локално на мраз, или пак некој замрзант зеленчук. Топла облога може да биде загреана вода ставена во шише, стоплена сол во крпа или пак топол туш на местото. По првите три дена доколку повреда дозволува препорачливо е благо раздвижување во граница на ограничување и болка. Важно е да напоменеме дека во акутната фаза од повредата не треба да се користат само топли облоги, бидејќи на веќе воспалено и топло ткиво нанесувањето на топла облога може да доведе до одовлекување на заздравувањето и зголемување на болката. Во некои случаи при нанесување на топла облога може да се појави и оток, кој предходно не бил тука. Во топли облоги не спаѓаат кремите кои загреваат, бидејќи кремата загрева само на ниво на кожа.