skip to Main Content

Криотерапија, третман со ладни облоги

Криотерапија представува третман со нанесување на ладни облоги локално или пак изложување на целото телото на ниски температури. Локално криотерапија може да се нанесе преку ладни пакувања, држење на лед, масажа со лед, спреј за ладење како и локални ладни бањи. Додека за криотерпаија на целото тело може да се користат посебни комори или пак бањи полни со лед. Криотерапијата може да се користи за различни состојби. Таа се применува постоперативно, по акутни повреди, за опоравување од вежбање како и намалување на воспалението на мускулите.

Криотерапијата најчесто се нанесува на состојби кои што се пропратени со некакво воспалување и оток. Кога ќе нанесеме ладна облога на одредено место се вклучува механизмот на секундарна циркулација со која што се зголемува протокот на крв до засегнатиот сегмент, а со тоа се носат сите непотребни материи кои што предизвикуваат болка. Со криотерапијата се намалува откот, токму поради таа секундарна циркулација. 

Доколку имате акутна повреда на ‘рбетот која што резултира со болка долж рака или нога, или пак само локално на едно место исто така се препорачува да се нанесуваат ладни облоги. Бидејќи при секоја повреда се случува некаков степен на воспаление кое што е пропратено со локално покачување на температурата. За разлика од нив доколку се нанесува само топло состојбата може да се влоши затоа што наместо да се смири и излади местото, само со користење на топла облога може да се воспали повеќе и да се појави оток или да се зголеми истиот доколку бил присутен. 

Исто така доколку станува збор за некаква спортска повреда тогаш се препорачува криотерпијата. Доколку станува збор за склочен или пак рачен зглоб за да се покрие цело место препораката е да се прави терпијата во некаков сад каде што ќе се стави лед. Доколку има присуство на хематом(модрица) тогаш исто така на негово место може да се нанесе ладно.

Важно е да се напомене дека криотерапијата треба да трае кратко без разлика дали е нанесена локално или пак низ цело тело. Препораката е да се држи ладно максимум 10 минути на едно место, доколку станува збор за масажа со лед може да биде и малку подолго бидејќи не се задржуваме на една регија долго време. Истата процедура може да ја повториме три до 4 пати со по 5 минути пауза измеѓу секое нанесување на облогата. 

Во текот на денот може да се нанесува повеќе пати ладно за да се обезболи месотото и да се намали болката.

Back To Top