skip to Main Content

Ергон IASTM

    Асистирана мобилизација на меките ткива со помош на инструменти, или IASTM. Ергон е холистички третман кој што ги таргетира меките ткива и фасцијата со помош на нерѓсувички инструменти специјално дизајнирани за потребите на третманот. Со употреба на Ергон се третираат регии во телото кои што имаат лузни, меко ткивни рестрикции, хронични воспаленија и дегенеративни заболувања.

    Ергон техниката е рaзвиена од постари техники (IASTM, Graston, Smart Tools итн) и се базира на теоријата за миофасцијалните (обвивките на мускулатурата) меридијани опишана од Томас Мaер и Ида Ролф. Со Ергон техниката се работи на специфични точки на рестрикции во ткивата и фасцијалните адхезии заедно со фасцијалните меридијани. Кога ова ќе се подобри, функционалноста се подобрува со неколку третмани.

    Најчести дијагнози кои се третираат со Ергон се плантарен фасицитис, тендинитис, карпал тунел и ИТ бенд синдром. 

    Како функционира?

    Со аплицирање на притисок на алатката додека таа се движи на делот кој што се третира. Постојат повеќе методи на апликација во зависност од тоа што треба да се третира. Третманот треба да е пријатен и безболен, да не остава модринки и хематоми по апликација на техниката.

    Со алатката се разбиваат лузните и меко ткивните рестрикции со што се прават микро трауми на местото на повредата/рестрикцијата. Ова прави локален инфламаторен процес, со кој се иницира апсорбција на нездравите ткива  и промовира ремоделирање на ткивото и производство на здраво ткиво. Рестрикции на мекото ткиво може да се случат по операција, важно е да се напомене дека додека сеуште има рана и конци оваа техника не смее да се користи. Но веднаш штом се извадат конците може да се работи на околното ткиво за да се спречи правење на рестикции на меките ткива околу лузната и да се забрза процесот на зазравување.

    Рестрикции на меките ткива може да настанат и од преголема употреба, како што е трчањето, фрлањето, повторувачки движења на работа, пролонгирано седење или стоење во иста позиција. Исто така може да настанат и од недоволно користење на мускулатурата, како што е случајот со пролонгирано носење на лонгети, ортози и гипс.

    Со користење на оваа техника може да се намали отокот и модринките настанати од повреда, да се подобри циркулацијата на крвотокот и лимфата,  намалување на мускулниот тонус и мускулниот грч, подобрување на обемот на движење на зглобовите, забрзување на процесот на лечење на целуларно ниво и намалување на болката.

    Што вели истражувањето на оваа тема?

    Од 1997 има многу истражувања на улогата на мобилизацијата на меките ткива врз мускулоскелетниот систем.

    Истражувањето за Ергон ја подржува идејата дека мобилизацијата на меките ткива има улога на физиолошките промени на ткивата како што се подобрување на циркулацијата, намалување на ткивната вискозност, миофасцијално ослободување, прекин на болните рецептори и подобрување на флексибилноста на засегнатите ткива. Од истражувањата е предложено дека Ергон е ефективен третман во справување со болката и подобрување на фунцијата за помалку од 3 месеци.

    Кои дијагнози може да се третираат со Ергон?

    • Тендинитис/тендиносис(Ахилов тендинитис, епикондилитис, пателар и тентинитис на ротаторната манжета)
    • Плантарен фасцитис
    • Карпал тунел 
    • ИТ банд синдром
    • Истегнувања и исчашувања
    • Болка во врат и лумбална кичма
    • Миофасцијални рестрикции
    • Пост оперативни лузни
    • Пост месектомија лузни
    • По царски рез
    • Тениски /голферски лакт
    • Синдром на замрзнато рамо
    • Мускулни контузии

    Дополнително за оваа техника може да видите на ова видео.

    Back To Top