skip to Main Content

Дали крцкањето на зглобовите може да предизвика артритис?

Сигурно сте слушнале фрази како “Не ги крцкај зглобоите на рацете/вратот, ќе имаш проблеми подоцна во животот со истите тие зглобови”. Но што точно се случува при крцкањето на зглобовите? И дали честото намерното крцкање може да предизвика артритис на зглобовите?

Постојат повеќе причини зашто крцкаат зглобовите. Една од нив е згрченост на мускул чија што тетива се трие од самите коски. Овој тип на крцкање најчесто се слуша повеќе пати во текот на движење на одреден зглоб, на пример кревање на тег над главата. Најгласен зглоб е зглобот на рамото, бидејќи на него се припојуват повеќе мускули и има најмногу движења исто како зглобот на колкот. Овој тип на крцкање не е опасен. Може да се намали со убаво загревање или пак истегнување на засегнатата група на мускули.

Другиот тип на крцање што го слушаме доаѓа од зглобовите. Најчесто, кога звукот на пукање доаѓа од зглобовите може да се произведе еднаш и потоа не може во брзо време да го слушнеме пак, дури и ако намерно сакаме да го прозиведеме тоа. Причината за тоа е компресијата на меурчиња од ниторген кој што природно се наоѓа во сите зглобови. Звукот на пукање е ослободување на гасови од зглобовите, односно самиот процес се вика кавитација и не е причина за грижа.

Често намерно крцкање на зглобоите, најчесто на зглобовите на прстите не може да предизвика артритис или пак оштетување на рскавицата на самиот зглоб.

Доколку крцкањето е пропратено со болка, тогаш треба да се консултирате со доктор за понатамошни испитувања. Тогаш може да значи дека има некое воспаление на рскавицата, ревматски или артозни промени. Секое друго пукање или крцкање на зглобовите се смета за безопасно.

Back To Top