skip to Main Content

Важноста од активен пристап во физиотерапијата

За било каква состојба да станува збор, активниот пристап во физиотерапијата е неизбежен. Под активен пристап се подразбира секој третман каде што пациентот е директно вклучен во него. Тука спаѓа кинезитерапијата, мобилизација на зглобови по Малиган и невродинамиката. Најчесто се комбинираат повеќе техники и третмани за да се забрза процесот на рехабилитација.

Спортските повреди и постоперативните состојби се едни од најчестите случаи кога задолжително се работи кинезитерапија. Потоа невролошките состојби како што се хемипареза(по мозочен удар кој може да биде од емболија, тромбоза или хемодинамиска инсуфициенса), паркинсон, муслтиплекс склероза, тумори на мозкот или пак по оперативни зафати на мозокот. Кај сите овие состојби активниот пристап е неизбежен. Исто така кај хроничната болка е битно пристапот да биде активен.

Важноста од кинезитерапија кај спортските повреди и постоперативно е забрзано враќање на општата состојба. Враќање на кондицијата, зголемување на мускулната маса, враќање на обемот на зглобовите се само дел од придобивките од активниот третман. За каков тип на спорт станува збор, се изведуваат вежби поспецифични за него, во подоцнежната рехабилитација се вклучува и кондиционен тренер. Додека пак постоперативно, повторно во зависност од каков тип на операција станува збор се изготвува програма специфична и индивидуална за самиот пациент. Тука може да се работат активно потпомогнати вежби, активни вежби и тренинг за сила за да се врати изгубената мускулна маса и да се подобри општата кондиција.

Кај невролошките пациенти, кинезитерапијата, особено активните вежби се можеби едни од најбитни. Без разлика за која состојба станува збор, со активни вежби се стимулира периферниот и централниот нервен систем. Доколку се изведуваат само пасивни вежби, мозокот не може да научи нови движења или да ги одржи старите. Порано се мислело дека со процесот на учење завршуваме до 18 години, но тоа не е точно. Мозокот има невропластиците, односно способност на невралните мрежи да се реорганзиираат и растат. Најчесто кај невролошките пациенти се изведуваат движења и вежби кои што симулираат дневни активности. Колку е поспособен, самоуверен и независен самиот пациент за обавување на секојдневните активности толку е поуспешна самата рехабилитација. 

За справување со хронична болка исто така е важно да се работи кинезитерапија, малиган или пак невординамика. Сите три третмана го поткнуват процесот на невродинамика споменат кај невролошките пациенти. Бидејќи и кај хроничната болка има измени во мозокот и периферниот систем и како тие два комуницираат, со секое движење поттикнуваме да се случуваат измени. А кога ќе почне процесот на измени тогаш и болката започнува да се намалува. Со самото раздвижување и вежби се подобрува циркулацијата до мускулите и се намалува вкочанетост, чест проблем кај оние кои што патат од долноградна и болка од вратно потекло.

Друга важност со терапевтските вежби или општо било каква физичка активност, некогаш и само пешачење многу помага, се подобрува сонот и психолошката состојба.Бидејќи со секое раздвижување се поттикнува лачење на хормоните за среќа кои помагаат во справувањето со несоници или нерегуларен сон и депресивни состојби или анксиозност.

Back To Top