Од неодамна станавме сертифицирани Шрот терапевти. Од сега во нашиот центар може да се третираат…
Третман на постоперативни лузни
Што е лузна?
Сите ткива во телото се формирани од влакна на колаген. Кога влакната на колагенот се слоевито наредени им даваат сила и еластичност на ткивата. Но доколку настане некоја повреда на меките ткива, оперативен зафат или некоја скршеница, тогаш влакната на колагенот се редат спорадично и тогаш настанува лузната. Самата лузна е поригидна и цврста отколку здравото ткиво, и може да предизвика болка на самата лузна и на ткивата кои што се поврзани со неа.
По заздравување на лузната важно е да се направи третман за ремоделирање на влакната на колагенот и подобрување на мобилноста на меките ткива, еластичноста,силата и обемот на движење. Доколку не се ремоделира самата лузна може да дојде до болка и намаување на мобилноста на сите структури со кои е поврзана лузната, како кожата, мускулите и конективните ткива. Длабока лузна може да биде поврзана со подлабоките слоеви на мускулите.
Кој е третманот за подобрување на мобилноста на лузната?
Откако ќе заздрави самата рана и ќе паднат конците, треба да се работи на подобрување на мобилноста на сите околни структури како и ремоделирање на влакната на колагенот.
Генерално со третман може да се започне некаде по 3-8 недели, во зависност од типот на операцијата и самата повреда. Колку порано се започне, толку подобар исход се има, особено за оние повреди кои се блиску зглоб каде што може да настане контрактура по долго држење на зглобот во иста позиција. Ова најчесто се случува по скршеници.
Доколку станува збор за оперативен зафат или царски рез, тогаш штом раната е заздравена и нема конци и корупки може да се започне со третман.
Од мануелна терапија постојат повеќе третмани, како што е длабоко ткивна масажа, мобилизација на меките ткива со Ергон како и миофасцијално ослободување. Исто така може да се примени и кинезитејпинг и да се обучи пациентот на техники за само масажа со што би го продолжиле третманот дома со што би се забрзал процесот.
Доколку станува збор за посериозна лузна, тогаш се нанесуваат стероидни креми или инекции, се прави ласер терапија, компресии и во најекстремни случаи се прави повторна операција.
Кај нас во центарот може да го најдете третманот на Ергон за мобилизација на ткивата, како и длабокоткивната масажа. Покрај мануелната терапија, секогаш се препорачуваат и вежбите со што би се подобрила мобилноста на зглобовите и би се зајакнала мускулатурата.