skip to Main Content

Појаси за ‘правилна’ постура

Што е правилна постура? Дали немањето на правилна постура е причина за болка во грбот? Носењето на појас за држење на правилна постура може да помогне во отстранување на болката?

Најпрво треба да разјасниме дека не постои правилна постура. Под правилна постура најчесто се мисли на исправен грб цело време во текот на денот. Доколку имате некој деформите како кифоза или сколиоза, или пак седите со свиткан грб, тогаш според некои фирми кои пробуваат да ги продадат овие појаси вие немате правилна постура. 

Години наназад се верувало дека поради тоа што некои се малку подгрбавени или пак имаат некаков деформитет патат од болка и имаат чести проблеми со грбот. Но по направени неколку истражувања е дојдено до заклучок дека имање на некаков деформитет или пак неправилно држење не секогаш значи и присуство на болка и хронични проблеми со грбот. Секако во некои случаи деформитетите може да допринесат за грбна болка, но во никој случај решение за тоа не е појас за корекција на држење.

Појасите за корекција на држењето кои што се продаваат на пазарот се пасивна техника. Можеби на краток рок ќе ве ослободат од болката, но долгорочно може да ви направат поголема штета од примарниот проблем. Доколку се утврди дека болката потекнува од некој деформитет или лошо држење на телото, тогаш како третман треба да се вклучи кинезитерапијата.

Најчесто кај они кои седат подгрбавено цел ден, или пак со главата кон напред болката која што ја чувствуваат потекнува од рецептори во мускулите кои што се задолжени за пратење на должината на мускулот и дотокот на крв до истиот, како и акумулирањето на млечна киселина од недоволна активност. Затоа најчесто се што треба да се направи во таа ситуација е да се промени положбата и да се раздвижат мускулите во спротивен правец од оној во кој што предходно биле.

Со појасите за држење на телото во исправена положба може само да се постигне спротивен ефект. Мускулатурата може да ослабне и да се јават некои нови болки кои предходно не биле таму. Исто така и при седење исправено долг временски период истите рецептори кои што се активираат при згрбавено седење ќе се активираат и при пролонгирано седење исправено. Сигурно сте сретнале некаде дека за намалување на болката е убаво да седите на пилатест топка. Да, ова е точно, но седењето на пилатес топка исто така треба да биде лимитирано, по неколку часа во текот на работен ден. 

Затоа како единствено решени за намалување на болката и подобрување на држењето на телото се препорачува започнување со вежбање. Доколку имате посериозни проблеми најпрво е препорачливо да се обезболат заегнатите сегменти, па да се започне со кинезитрапија и понатаму да се продолжи со спорт по ваша желба.

Back To Top