Од неодамна станавме сертифицирани Шрот терапевти. Од сега во нашиот центар може да се третираат…
Митови поврзани со масажата
Постојат многу митови кои што сеуште кружат за масажата. Некои стари уверувања кои што е тешко да се искоренат бидејќи биле присутни со години. Масажата потекнува 3000 години пред нашата ера, можеби и порано, со корени од Индија каде што се сметала за свет систем на природно лечење. Таа била пренесувана од генерација на генерација за лечење на повреди, намалување на болката и превенирање и лечење на болести. Постојат повеќе типови на масажи, како што е шветската масажа, масажа со акопресура, спортска масажа, лимфна дренажа, антицелулитна и медицинска масажа. Во зависност од потребите кои ги имате зависи и типот на масажата кој е најсоодветен за вас.
Но самите масажи не можат да го направат следното;
- Да наместат жила. Жила е всушност тетивата на мускулот. Физички е невозможно самата тетива да се измести, народно кажано да се преврти. Чувството што го имаме кога ќе почувствуваме мускулна болка е всушност згрчувањето на самиот мускул, па субјективно може да го доживуваме како нешто изместено. Масажата придонесува до опуштање на мускулатурата, а со тоа и затегнатоста на тетивите, па од таму чувството дека се ‘наместила’ жилата по третманот на масажа.
- Местење на мускул/зглоб. Исто како и кај тетивите, така и тука важи истото правило. Треба да се слуќи некоја сериозна траума за да може да се измести некој зглоб. Мускулите од другата страна пак може да се истегнат или скинат, но не и да се изместат. Па затоа, со масажа не би можеле да наместиме некој зглоб, туку повторно може само да ја опуштиме згрчената мускулатура која го засега зглобот.
- Местење на дисковите во ‘рбетот. Со масажа, па дури и со било која мануелна терапија како што се мобилизацијата и манипулацијата не може да се вратат назад на место самите дискови. Единствено со кинезитерапија и вежби специфично наменети за тој проблем може да се постигне повлекување на дискус хернијата.
- Треба да чувствувате болка и воспаление после мсажата или нема да функционира. Кај некои луѓе може да се појави блага болка, особено ако е работена спортска или пак медицинска масажа. Најчесто се случува кај многу згрчена мускулатура. Но таа болка не треба да биде неиздржлива. Стисокот при работа треба да се прилагодува кај секој различно. Но кај поголемиот дел од луѓето денот по масажата не чувствуваат ништо и тоа не значи дека масажата не била успешна.
- Со масажа се работат само мускулите. Масажата исто така ја обработува и истегнува и мускулната обвивка. Може мануелно да ги отстрани отоците од ткивата и зглобовите, а со тоа да го олесни движењето. Како и да ја подобри циркулацијата на лимфата и крвта, со што може да се забрза процесот на заздравување.
- Ефектите од масажата се само моментални. Самите мускули имаат меморија. Тоа значи дека долго седење во одредена позиција може да допринесе до болка и вкочанетост во засегнатата регија. Со регуларна масажа може да се адресира шемата на болката и да се реедуцираат мускулите да ги подобрат механиките на телото и неговото држење.
- Масажа може да предизвика породилни болки кај бремените жени. Кај бремени жени работи малку повнимателно, од аспект на стисок и избегнување на некои регии кои што може да предизвикаат контракции како што е регијата на задникот и лумбалниот дел на ‘рбетот. Масажата за време на бременост е препорачана бидејќи може да делува релаксирачки и да ја намали болката во мускулите и зглобовите.