skip to Main Content

Зошто чувствуваме болка во мускулите при долго седење?

Мускулите имат многу рецептори во нив. Па со тоа при било каква промена во притисок, должина и циркулација тие може да одговорат со болка. Самите мускули може да станат болни и слаби, особено ако се малку користени или пак користени на начин на кој што не е соодветен за даден мускул.

Всушност самите мускули се тешки за повреди. Да тие може да помодрат, да имаат микротраума, но сериозно да повредите мускул е навистина тешко.

Најчеста болка во мускулите е од недоволно активност и завземање на една иста позиција подолго време. Болката во мускулите може да биде во вратната или лумбалната регија, може да се појави во задникот или пак нозете.  Причина за ова е собирање на млечна киселина во мускулите и околните меки ткива, како и активирање на рецепторите кои што се задолжени за следење на должината на мускулите. Кога ќе се насобере киселина во мускулите, тогаш се испраќаат сигнали до мозокот дека нешто не е во ред со со мускулите и дека тие се во опасност и дека ние треба нешто да направиме. Решение за ова е секако движење и само движење. Со движење ние ја подобруваме крвната и лимфната циркулација и со тоа се исфрлааат сите непотребни материи кои предизвикуваат болка.

Исто така, при долго седење доаѓа до скратување на мускулатурата во регијата на колкот и лумбалниот дел од ‘рбетот. Повторно, решение за ова е лесни вежби за раздвижување и истегнување кои може да се изведуваат на канцелариско столче.

Друга причина е недоволно користење. Нашето тело е создадено да се движи, но со модерниот начин на живот каде што генерално е доста седентарен му ја ускратуваме можноста на телото да го добие потребното раздвижување во текот на денот. Кога зборуваме со нашите клиенти за тоа дека треба да бидат поактивни, не мислиме на одење во фитнес сала и вежбање секој ден по саат време. Се што мислиме е да го искористат секој момент кога времето дозволува да се раздвижат. Некогаш за да се постигне некоја промена и да се намали болката потребно е да се сменат некои животни навики. Наместо одење со кола до работа, да се оди со велосипед или пак пешки. Викендите да се користат за прошетки во природа. Кога имате физичка активност се лачат серотонин, ендрофин и допамин, ова се хормони кои освен што допринесуваат за чувството на среќа, природно помагаат во намалување на болката.

Секако, доколку имате желба за голема промена како зачленување во некоја фитнес сала и започнување со тренинзи тоа е повеќе од добредојдено. Но доколку тоа ви личи како голем зафат, тогаш започнете со мали промени секој ден и ќе видите голема разлика во своето тело.

Back To Top