skip to Main Content

Грчеви во мускулите

Мускулен грч е ненадејно, безволно згрчување на еден или група на мускули. Најчесто се случуваат по физичка активност. Кај некои луѓе грчевите знаат да се појават навечер, за време на спиење и тоа најчесто се згрчувања мускулатурата на нозете.

Друга група на мускули каде што најчесто се случуваат згрчувања се:

  • На предна и задна ложа
  • На стапалата
  • На дланките
  • На рацете
  • На абдоменот
  • По линија на градниот кош
  • На лумбалниот ‘рбет

Што предизвикува грч во мускулот?

  • Преголема оптеретеност на мускулите. Ова е една од најчестите причини за грчеви во мускулите.
  • Дехидрација.
  • Ниско ниво на електролити како што се калиум, магнезиум и калциум.
  • Кога имате проблеми со нервите настанати од некоја повреда на ‘рбетот.
  • Бременост
  • Користење на одредени лекови.

Најчесто со мускулни грчеви се соочуваат луѓе кои се доста физички активни или имаат физичка работа. Исто така грчеви се појавуваат кај бремени жени, атлетичари и луѓе кои што имаат некаков медицински проблем со тироидната жлезда или нервите.

Третман на грчеви во мускулите

За олеснување на болката од грчевите може да направите нежна масажа, раздвижување и нежно истегнување до граница на болка. Секогаш гледајте да бидете добро хидрирани доколку имате често грчеви во мускулите, да внесувате магнезиум од 365 до 400 мг дневно и да одмарате почесто во текот на денот доколку работата ви е физичка. За време на грчот може да аплицирате топли облоги за опуштање на мускулатурата.

Кога треба да посетите здравствен работник за грчеви во мускулите?

Мускулните грчеви се најчесто безопасни и се смируваат сами од себе по неколку минути. Но доколку се случи тие да:

  •  Tраат долг период.
  •  Да не се смируват по истегнување, масажа и внесување на течности 
  • Да се пропратени со црвенило, оток и топлина.
  • Се пропратени со мускулна слабост.

Во овие случаи треба да посетите доктор за да се исклучи некое посериозно заболување.

Во секој друг случај, само применувајте ги советите од погоре и ќе видите значително намалување на фрекфенцијата на мускулните грчеви.

Back To Top