Од неодамна станавме сертифицирани Шрот терапевти. Од сега во нашиот центар може да се третираат…
Грчеви во мускулите
Мускулен грч е ненадејно, безволно згрчување на еден или група на мускули. Најчесто се случуваат по физичка активност. Кај некои луѓе грчевите знаат да се појават навечер, за време на спиење и тоа најчесто се згрчувања мускулатурата на нозете.
Друга група на мускули каде што најчесто се случуваат згрчувања се:
- На предна и задна ложа
- На стапалата
- На дланките
- На рацете
- На абдоменот
- По линија на градниот кош
- На лумбалниот ‘рбет
Што предизвикува грч во мускулот?
- Преголема оптеретеност на мускулите. Ова е една од најчестите причини за грчеви во мускулите.
- Дехидрација.
- Ниско ниво на електролити како што се калиум, магнезиум и калциум.
- Кога имате проблеми со нервите настанати од некоја повреда на ‘рбетот.
- Бременост
- Користење на одредени лекови.
Најчесто со мускулни грчеви се соочуваат луѓе кои се доста физички активни или имаат физичка работа. Исто така грчеви се појавуваат кај бремени жени, атлетичари и луѓе кои што имаат некаков медицински проблем со тироидната жлезда или нервите.
Третман на грчеви во мускулите
За олеснување на болката од грчевите може да направите нежна масажа, раздвижување и нежно истегнување до граница на болка. Секогаш гледајте да бидете добро хидрирани доколку имате често грчеви во мускулите, да внесувате магнезиум од 365 до 400 мг дневно и да одмарате почесто во текот на денот доколку работата ви е физичка. За време на грчот може да аплицирате топли облоги за опуштање на мускулатурата.
Кога треба да посетите здравствен работник за грчеви во мускулите?
Мускулните грчеви се најчесто безопасни и се смируваат сами од себе по неколку минути. Но доколку се случи тие да:
- Tраат долг период.
- Да не се смируват по истегнување, масажа и внесување на течности
- Да се пропратени со црвенило, оток и топлина.
- Се пропратени со мускулна слабост.
Во овие случаи треба да посетите доктор за да се исклучи некое посериозно заболување.
Во секој друг случај, само применувајте ги советите од погоре и ќе видите значително намалување на фрекфенцијата на мускулните грчеви.