Првата постпартум програма креирана од дипломиран физиотерапевт, кој што три години активно работи со постпартум мајки и со жени со дисфункции на карлично дно. Инспирирана од часовите во живо сакав моето знаење и успешни приказни да ги пренесам тука во онлајн светот.
Оваа програма е за тебе доколку сакаш да се вратиш уште посилна и со поголема самодоверба од пред бременоста. Тука ќе научиш како да го опоравиш јадрото и карличното дно, како да се вратиш на спортот што го сакаш без страв и како да се грижиш за своето тело. Програмата е изработена по медицина на докази и дополнително мое лично искуство од водење на часови во живо во нашиот центар.
Покрај фокусот за јадро, знам колку мајки се соочуваат со болка во телото, па покрај совети за постпартум имаме и модификации на вежби доколку имате некоја болка и како да го решите и тој проблем. Без глупости и забрани.
Од прва рака имам видно со кои предизвици се соочуваат мајките во постпородилниот период и тренинзите се направени за секого. Дури и ако си имала патолошка бременост, не си била активна пред бременоста и сега сакаш да си посветиш малку време на себе има насоки и модификации за секој вежба, исто како да те гледам.
Дополнително на програмата тука, имаме и вибер група која што е за поддршка и прашања за мене со што ќе можам брзо и навремено да ви одговорам и да сум ви достапна.
Плус, еднаш месечно имаме онлајн час во живо за да можам да видам како ги изведувате вежбите и со кои предизвици се соочувате.
Тука сум да ве водам и поддржам низ низ целиот процес, пред се како физио, но и како мајка на две деца која што поминала низ постпартум периодот.
Што вклучува програмата:
12 неделна програма со прогресивно оптеретување на целото тело, не само на со фокус на јадрото.
1-4 недела е за опоравување на јадрото и нежни движења со кои ќе ја намалиме болката во грбот, ќе ја подобриме мобилноста на колковите и торакалниот рбет, нежно ќе почнеме да го будиме јадрото и карличното дно.
5-8 недела е за прогресивно отповарување на телото и јадрото. Тука веже започнуваме да го поврземе дишењето со движењето. Додаваме тежина и оптоварување на јадрото и целото тело. Бидејќи јадрото не фунцкионира изолирано.
9-12 недела правиме припрема за враќање на било кој спорт со кој што сакате да се бавите или да си продолжите со овие програми тука, бидејќи некои мајки сериозно се навлекоа на овој тип на тренинзи. Мисли нешто како фунцкионален силов тренинг сретнува пилатес со зачин на вежби за рехабилитација. Контрола, прецизност, сила и опоравување.
Исхрана – две 7 дневни мениа со рецепти, листа за пазарење. Погодни за мајки кои дојат. Од кои едното мени е за мајки кој дојат бебиња со алергија на млечен протеин. Како мајка која што го помина ова сметав дека треба да го има тука, зашто знам колку тешко беше да доиш бебе со алергии.
Вибер група за поддршка
Еднаш месечно групен час во живо
За кого е оваа програма:
Оваа програма е за тебе ако:
- Имаш родено и сакаш да се вратиш на силов тренинг,пилатес, јога со самодоверба дека не правиш нешто погрешно
- Имаш стомак кој што не се повлекува и покрај внимавање на исхрана и вежбање
- Имаш папочна кила
- Се појавува конус при изведување на вежби за јадро
- Чуствуваш тежина во карлицата
- При скокање, кашлање и кивање имаш симптоми на инконтинеција
Започни тука
Кратка едукација за сѐ постпартум
19:34Како да провериш дали имаш дијастаза
02:04Грижа за лузна по царски рез
11:10Враќање на спорт и трчање
6:10Heal 1-4 weeks
Будење на телото
18:33Нежно раздвижување
18:57Интеграција
18:09Фокус на јадро
18:09Оптовари
18:12Повтори и интегрирај
15:58Суптилна активација на јадро
19:32Фокус на горен дел и јадро
18:20Цело тело
14:02Јадро и нозе
19:32Горен дел и јадро
16:40Оптовари го грбот
13:44The Foundation 5-8 weeks
Поставување на темелите
22:23Јадро и грб
20:20Фокус на јадро
22:03Горен дел со јадро
20:17Стабилност
22:44Силно јадро
17:57Цело тело
24:02Контрола на движење
23:17Растерети
16:00Цело тело со фокус јадро
17:40Нозе и јадро
19:55Јадро, јадро, јадро
12:47Fierce weeks 9-12
Силна мама
16:28Зголеми за две
20:33Јадро и нозе
17:28Силно јадро
19:57Оптоварено јадро
18:58Растерети
16:10Растерети и повтори
17:09Цело тело
20:50Нозе и јадро
19:11Цврсто Јадро
22:12Горен дел со јадро
15:53Силен крај 4-6-8
18:56Mobility and stretching
Торакален 'рбет мобилност
16:54Мобилност на карлица и колкови
08:38Мобилност на колкови
10:13Истегнување
11:35Со постпартум вежбите започнав 9 месеци по породувањето, со дијастаза од 4 прсти и значителна длабочина. Само за 2 месеци, се намали на два прсти! Ивана е исклучително посветена и внимателна, а вежбите се одлично прилагодени за мајки кои сакаат постепено и правилно да си ја вратат силата и формата. Од мене огромна препорака!
Ивана е вистински професионалец за постпородилниот период и опоравување на телото. Иако вежбите беа онлјан, не беа помалку ефикасни и можеше да се забележи секое неправилно вежбање и да го корегира. Несебична со давање совети и помош. Топло ја препорачувам на секоја новопечена мама.
Постпартум програмата многу ми помогна, особено за постепено враќање во форма и правилно активирање на телото после породување. Ми се допадна што беше добро структуирана, со јасни насоки и постепено зголемување на интензитетот без да се форсира телото.
Постпартум програмата беше најдобрата инвестиција што можев да си ја дозволам по породувањето. Искрено сметам дека е нешто што и е потребно на секоја ќена, пред се поради психолошката поддршка и чувство дека правиш нешто за себе, но на безбеден и стручно воден начин. Вежбите се внимателно избрани и прилагодени на периодот по породувањето, со соодветен интензитет и посебен фокус на враќањето и третманот на дијастазата-состојба за која, за жал многу малку трудници се информирани и знаат како правилно да се справат со неа.
Вежбите од постпартум ми се светла точкакаде што ми прават да се чувствувам дека си се враќам на своето без да се секирам дали си штетам бидејќи знам дека се правени од стручни лица и професионалци врв во своето поле.
Оваа програма е планирана да се започне 6 недели по породувањето и веднаш чим ќе добиете одобрение од доктор. Иако станува збор за безбедна програма за сите мајки во постпартум периодот не знам кој е позади екранот и од безбедносен аспект ја препорачувам со започнување 6 недели по пораѓајот.
Тегови, ластик за отпор - најисплатлив е отворен, па може да го врзувате кога ќе има потреба од тоа, пилатес топка - секогаш може замена перница или топче од децата), стап - најчесто изведен од џогер или метла, и јога блок -замена за ова може дебела книга.
На секој час во опис и на видеото најавувам со време што ви треба за тој час.
Прогамата е соодветна за почетнци и на секое видео давам модифицирана вежба за оние кои се по предизвикувачки. Моето работно искуство со часовите од живо ми помогна да знам кои вежби бараат модификации и како би можела секоја жена да ги изведува, дури и ова да и е прво сретнување со вежби. Плус тука е вибер групата во која додека ви е активна програмата може да ми пратите видео, прашање за се што не сте сигурни дали е добро или можеби имате некаква болка од некоја вежба.
Исто и за оние кои биле на патолошка бременост може да започнат 6 недели по пораѓајот. Со слушање на телото и изведување на полесните варијации од вежбата може многу брзо да си ја вратите силата во телото и да ги намалите сите симптоми како болка во лумбалниот рбет, колковите и колената од пролонгирано лежење.
Ова е многу индивидуално и се зависи од кои се вашите цели. Но резултатите како подобра контрола на јадрото и намалено чувство на подуеност, цврстина на стомак, намалување на симптоми на инконтиненција може да очекувате веќе при крај на вториот месец ако се прават вежбите редовно и конзистентно. За затварање на дијастазата кај некои мајки оди многу брзо, кај други пак треба повеќе од 6 месеци за да видат значителен резултат. Но, затварање на дијастзата е процес кој што може да потрае и нејзиното затварање не е единствена мерка за успех. Идејата на програмата е да научите како да ко контролирате јадрото и интраабдоминалиот притисок и да си се вратите на спортот на кој што вие сакате со целосна самодоверба дека знаете што правите.
